ВМРО-народна партија реагира на измените и дополнувањата на законот за вработување и осигурување во случај на невработеност.
Според сознанијата од ВМРО Народна партија , Владата и министерот за труд и социјална политика преку предложените измени и дополнувања на законот сакаат да спречат на евиденција на невработени да се вратат досега вештачки тргнатите над 50 илјади невработени лица од евиденцијата на АВРМ , а уште најмалку 50 илјади невработени лица да ги тргнат од евиденција преку неуставните и стоги услови и критериуми поставени во одредбите на предлог законските измени.
„Несовесното и нехумано однесување на Владата оди до таму што со законски одредби (член 59 став 2 од предлог измените на законот), вработените во АВРМ се условени доколку не ги тргаат од евиденција, односно не ги бришат од евиденција невработените ќе добијат отказ, односно ќе им биде откажан договорот за вработување.“, велат од ВМРО-НП.
Го повикуваа министерот Спиро Ристовски на ТВ дуел на соочување со фактите и проблемите во врска со невработеноста и нереалното прикажување на бројот на невработени лица.