СДСМ: За време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ парите од Буџетот се трошеа на луксуз, а денес се враќаат директно кај граѓаните

Од:

СДСМ со писмено соопштение реагира на прес-конференцијата на Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.

„За разлика од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ кога парите на граѓаните се трошеа на барок, споменици, луксуз и криминални тендери преку кои се богатеа поединци, денес, парите од Буџетот се враќаат директно кај граѓаните.

Со предлог буџетот за 2019 година, изготвен од Владата предводена од СДСМ, се обезбедува социјална еднаквост, економски развој и повеќе пари кај граѓаните.

Со реформата на системот за социјална заштита, се воведува минимален загарантиран приход, примателите на социјална помош ќе добиваат и до 300 отсто зголемена поддршка, а над 60.000 деца ќе добиваат детски и образовен додаток, со што ќе се воспостави систем што трајно ќе извлекува од сиромаштија.

Платите ќе растат во сите сектори, со што сериозно ќе се зголеми расположливиот доход во домаќинствата што позитивно ќе влијае врз зголемување на потрошувачката.

Продолжува и зголемената поддршка од државата кон претпријатијата што ќе обезбеди раст на платите во приватниот сектор и отворање на нови подобро платени работни места.

Невработеноста дополнително ќе се намалува преку пакетот активни мерки за вработување во историски највисок износ од 1,1 милијарда денари со што се очекува намалување на невработеноста на околу 20 отсто.

Ова е шанса и за ВМРО-ДПМНЕ да научи еден сегмент од економијата, како преку реални мерки парите од буџетот, се враќаат назад кај граѓаните“ се вели во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Митрески: Досега се нема случено во историјата на Собранието, ниту еден амандман да не е прифатен

(ВИДЕО) Тренчевска: ДПМНЕ одби амандман на СДСМ за изградба на пречистителна станица за отпадни води

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски повторно демонстрира лицемерие и паника по консолидацијата на СДСМ

Мицкоски „не е импресиониран“ од новото раководство на СДСМ

Каранфилова-Пановска: Убедена сум дека ќе го вратиме угледот, поддршката и победите на СДСМ

Продолжува амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2025