Студентите од Филмската академија во Охрид најавија тужби против Министерството за образование и наука

Од:

Студентите од Филмската академија во Охрид ИФФА(FIOFA) со писмено известување до јавноста најавуваат дека ќе започнат правна постапка и ќе покренат заедничка, како и поединечни тужби против ресорното Министерството за образование и наука.

Во писмото тие посочуваат дека Министерството за образование и наука не ги исполнило ниту испочитувало потпишаните договори, што резултирало со материјални штети што ги трпат студентите. Истовремено тие му забележуваат на МОН за дезинформирање и ненавремено информирање за ситуацијата што резултира со тоа што речиси два месеци воопшто не се одвива настава во високообразовната институција.

Студентите на Академијата пред две седмици побараа одговори за тоа кога ќе отпочне наставата од тековната учебна година, но освен дека се работи на решавање на проблемот од МОН не пристигнала никаква информација ниту известување за евентуално решение.

Тоа тие го оценуваат како несериозен однос од министерството и државата, непочитување кон уметниците што дошле тука за дообразување.

Покрај најавените тужби студентите од странските држави веќе ги информирале матичните амбасади во Македонија за ситуацијата, како и медиумите во нивните земји.

На Филмската амаденија во Охрид студираат стотина студенти и постдипломци од целиот свет, но оваа академска учебна година професорите од странство воопшто не доаѓаат во Охрид поради нивниот нерегулиран статус, бруцошите веќе два месеци се без настава, додека дипломците од првата генерација кои веќе ги одбранија своите магистерски тези не можат да добијат диплома иако ги завршија сите обврски кои произлегуваа од нивните договори и студиските програми.

Јавната научна установа „Институт за филм – Филмска академија“ во Охрид беше отворена во ноември 2015 година во соработка со Академијата за филм (ФАМУ) од Прага, а функционира како придружна членка на Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип.

Би можело да ве интересира

Јаневска: МОН со закон ќе го официјализира дуалното образование

МОН: Над 1.000 асистенти во новата учебна година ќе бидат поддршка на учениците со попреченост

МОН: Од утре ќе се исплаќа неисплатената финансиска поддршка за основци и средношколци

МОН: Нов електронски дневник за работа на училиштата, по тестирањето ќе почне неговата официјална примена

Горан Наумовски

МОН со препорака за скратени часови и со насоки за заштита на учениците од високите температури

МОН: Наставата наместо во саботи ќе се надомести во работни денови