СДСМ: 11 години ВМРО-ДПМНЕ не водеше сметка за студентите

Од:

СДСМ со писмено соопштение реагира на прес-конференцијата на Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Со 11 годишното расипничко и криминално владеење на лидерите во лажење, ВМРО-ДПМНЕ го уназадија секој сегмент од општеството, а преку погрешните политики и криминалните интереси, целосно го урнисаа образованието. Цели 11 години ВМРО-ДПМНЕ не ги интересираа учениците и професорите, а најмалку им беше битно во какви услови живеат студентите.

За разлика од таквиот однос на ВМРО-ДПМНЕ, Владата предводена од СДСМ и Министерството за образование и наука континуирано да инвестираат во унапредувањето на образовната инфраструктура со цел квалитетна реализација на воспитно образовниот процес.

Со предлог буџетот за 2019 година, за образованието, детската заштита и спортот предвидени се капитални инвестиции во износ од околу 2,8 милијарди денари, кои се наменети за изградба и реконструкција на основни и средни училишта, детски градинки, изградба на училишни и спортски сали, реконструкција на ученички и студентски домови, опремување и реконструкција на универзитетите и инвестиции во спортска инфраструктура.

Владата предводена од СДСМ се грижи за студентите и условите во кои живеат. Блоковите В и Г во студентскиот дом Гоце Делчев се во завршна фаза на реновирање, со што студентите добиваат пристојно сместување коешто долги години беше под границата на пристојност, а истовремено реновинарни се десетици училишта и училишни сали.

Младите, вклучително и студентите и средношколците остануваат врвен приоритет за владата предводена од СДСМ која продолжува со мерките кои овозможуваат поквалитетен студентски живот, повисок студентски стандард и создавање на квалитетни младински политики што се во интерес на младите лица“ се вели во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Пет недели гостиварци се мачат без вода, бадијала ветувањата на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Мали Фрчко да го пријави Филипче – 400 испитувања покажале неисправна вода во Гостивар, а тоа се криело

СДСМ поднесе кривична пријава против Клековски, Андоновска, Лазов и Амети за случајот со водата во Гостивар

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Власта го утна македонското знаме на прославата за 35 години независност, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Штерјова: Обвинителството молчи за нападот на младите во Ново Село, а насилниците од ВМРО се познати