(ВИДЕО) Рауфи: Комуникациите не докажуваат ништо против обвинетите во „Монструм“

Од:

Убедени сме, а тоа ќе се воспостави и во текот на постапката дека во комуникациите нема ништо што ги инкриминира овие обвинети за ова кривично дело. Апсолутно ниту еден збор, ниту една реченица не ги инкриминира. Ние ги знаеме овие разговори, во нив се секојдневни вообичаени комуникации помеѓу обвинетите. Овие материјали немаат никаква доказна вредност за предметот, рече адвокатот на обвинетите во случајот „Монструм“, Насер Рауфи по денешното рочиште на кое исказ даваа вештаци од дигиталната форензика при МВР.

Рауфи истакна дека Јавното обвинителство во првобитната постапка која се водеше за овој предмет воопшто и не побарало од информатичарите кои ја вештачеле интерната комуникција да кажат кога се обавени овие интернет комуникации што според него е од круцијално значење за самиот предмет.

– Може да се работи за материјали кои се од пред неколку години. Они се правдаат со тоа дека никој не побарал од нив да биде одреден временскиот период што само по себе фрла сомнеж за случајот, вели Рауфи по што додаде дека ќе побара јавноста да биде присутна при изведување на доказите односно Скајп, МСН и Фејсбук комуникациите на обвинетите.

Адвокатот на обвинетите ја искористи можноста да го искритикува Јавното обвинителство дека прибирало непотребни материјали само за да се покаже дека имаат наводни докази за случајот против овие обвинети.

-Јавното обвинителство за организиран криминал одело на квантитет на докази колку да се добие впечаток дека има некакви докази. Тоа станува се повеќе евиндентно, не само денеска туку и при другите рочишта. Тврдам дека нема никави докази бидејќи овие обвинети со сигурност не го сториле кривичното дело, вели Рауфи.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Врховниот суд донесе пресуда за случајот „Монструм“ со која жалбите на обвинетите се одбиваат како неосновани

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

Апелација ги потврдени доживотните казни за масакрот кај Смиљковско Eзеро

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов

Предистрагата за високите бонуси на поранешните специјални обвинители не мрда од „мртва точка“

Кристијан Ландов