Петиција „Нула толеранција за (аеро)загадување и загрозување на животот“

Од:

Здружението за социјални иновации и одржлив развој „РАДАР“, Новинари за човекови права, Првата детска амбасада „Меѓаши“ и Зелениот институт, по повод меѓународниот Ден на толеранција, ја покренаа петицијата „Нула толеранција за (аеро)загадување и загрозување на животот“, упатувајќи апел до сите граѓани на Македонија да ја потпишат.

Ја повикаа државата да ги исполни обврските во однос на почитувањето на основното право, правото на живот, воведувајќи итни мерки за намалувањето на загадувањето кое диретно влијае на здравјето на луѓето и нивниот живот.

Гордана Несторовска, претставник на „РАДАР“, наведе дека од буџетот на Владата за 2019 година се издвоени 21,5 милиони евра, односно 0,6 отсто за намалување на аерозагадувањето.

– Доколку државата смета дека тоа е стратешко прашање, оценуваме дека треба да го зголеми буџетот за предвидените мерки и да преземе итни мерки, додека да почанат да се реализираат среднорочните и долгорочните мерки, нагласи Несторовска.

Побара Владата да биде транспаретна во нејзиното работење и барем еднаш неделно да ги информира граѓаните што е тоа што конкретно го презема за намалување на загадувањето.

– Субвенционирање на меѓуградскиот автобуски превоз, беспатен автобуски превоз за сите граѓаните во текот на наредните три месеци, воведување на 24-часовен зајакнат инспекциски надзот, опремување на инспекциските служби со соодветна опрема, и итна детекција на загадувачите, предложи таа како итни мерки за намалување на загадувањето.

Заклучи дека инспекциските служби веќе не треба само да опоменуваат, туку веднаш да ги затвораат оние објекти кои се идентификувани како најголеми загадувачи.

Драги Змијанац од „Меѓаши“ ја оквалификуваше состојбата со загадувањето како алармантна, екоцидна, вонредна, како што рече „хорор“.

Наведе дека биле принудени до сите членови на Комитетот за правата на дететот да достават протестно писми, барајќи од нив да поднесат конкретни мерки и препораки до Република Македонија.

– Сметаме дека можеби е дојдено време и апелираме некој адвокат кој навистина е подготвен да поднесеме една тужба до државата бидејќи животите ни ги става во прашање. Ако ги исцрпеме сите инструменти во Македонија со судството и најдеме конечна разрешница ќе бидеме задоволни, ако не ќе поднесеме тужба во Меѓународниот суд за човекови права, информираше Змијанац.

Итакна дека, покрај Комитетот за правата на децата при ОН, се информирани и сите меѓународни мрежи каде е дел „Меѓаши“.

– Морам да ги потсетам јавните институции, пред се Министерството за животна средина дека треба да ги почитува, ониe протоколи, резолуции и конvенции кои самите ги има потпишано, потенцираше Наташа Дуковска од Новинари за човекови права.

Наташа Амдију од Зелениот институт, апелираше до Јавното сообраќајно претпријатие, да го зголеми бројот на автобуски линии, особено во некои точки каде што сега за сега не постојат, констатирајќи дека од тие причини многу граѓани користат автомобили.

Би можело да ве интересира

Посебен режим за камиони, засилени контроли во сообраќајот, вонредни инспекции кај потенцијалните загадувачи – мерки за намалување на загадувањето

СДСМ: Скопје најзагаден град, а власта на ВМРО-ДПМНЕ не презема ништо за загадениот воздух

Кој е најголем добитник од рудниците: Државата, локалните жители или инвеститорите

Предраг Петровиќ

Еко-манипулација: Новите рудници ќе работат под еколошки стандарди и се ќе биде чисто, зелено и еколошки

Предраг Петровиќ

Врховен утврди начелен став дека државата е должна да обезбеди здрава животна средина, непреземањето дејствија е повреда на правата на граѓаните

ИКС: Да зборуваме повеќе за животната средина во време на растечка еколошка криза