Директорот на Фондот за иновации и технолошки развој Јован Деспотовски денеска изјави дека Предлог-протоколот за проценка на ризик на компаниите најверојатно ќе биде објавен во текот на следната недела.
– Протоколот за проценка на ризик беше на јавна расправа до четвртокот. Добивме неколку интересни и корисни предлози како може да се надгради. Службите во Фондот за иновации го заокружуваат сето она што е добиено како предлози и забелешки. Најверојатно во текот на следната недела ќе го објавиме финалниот предлог што ќе се применува и веднаш ќе пристапиме кон подготовка на проценката на ризик за она што ни стои во моментот, истакна Деспотовски, одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференцијата во Министерството за финансии.