Акциска сообраќајна контрола на МВР, кај 21 лице утврдено присуство на алкохол

Од:

Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје изминативе два дена во периодот од 23.00 до 05.00 часот спроведе зајакната акциска контрола за откривање возачи кои управуваат со возило под дејство на алкохол на подрачјето на Скопје.

Од страна на полициски службеници контролирани се вкупно 120 возачи, а кај 21 од нив утврдено е присуство на алкохол, додека еден од нив одбил да подлежи на алкотестирање. Откриени се и 46 останати прекршоци. Во однос на управување на моторни возила со брзина поголема од дозволената спроведена е акциска контрола на 17.11.2018 година во периодот од 06.00 до 22.00 часот, при што констатирано е дека 32 возачи ја пречекориле брзината на движење со моторно возило и издадени се 32 мандатни платни налози.

Исто така констатирани се и 35 останати прекршоци за кои се издадени 22 мандатни платни налози и 13 прекршочни платни налози.

Би можело да ве интересира

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он