Царовска: Рекордни 1,1 милијарда денари за новиот план за вработување во 2019 година

Од:

Министерството за труд и социјална политика, Кабинетот на вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, Агенцијата за вработување на РМ и другите вклучени чинители започнаа со подготовка на новиот Оперативен план за активни мерки и програми за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2019 години. Тимови составени од претставници на владините институции, центрите за вработување, стопанските комори, УНДП, донаторите и Фондот за иновации и технолошки развој, викендов во Велес ги поставија основите и насоките во кој правец ќе се дизајнираат, надоградуваат и модернизираат новите сет мерки за намалување на невработеноста и зголемување на вработливоста.

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска изјави дека идниот Оперативен план е најобемен досега и истиот се очекува да биде донесен до крајот на годината.

„Идната година посебен акцент ќе се стави на доедукација, преквалификација и доквалификација на работоспособните за нивно поефикасно вклучување на пазарот на трудот. Самовработувањата и стартапите кои изминатите години дадоа одлични резултати и понатаму се дел од Оперативниот план. Невработени лица кои имаат иновативни бизнис идеи ќе добијат поддршка и од Фондот за иновации и технолошки развој во делот на креирање на успешен бизнис план и понатамошна финансика поддршка“, рече министерката Царовска.

Директорката на Агенцијата за вработување Билјана Јовановска вели дека мерките од новиот Оперативен план ќе одговараат на реалните потреби на пазарот на трудот.

„Агенцијата за вработување е главниот стожер при теренската имплементација на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување. При секојдневната комуникација со невработените лица и работодавачите кои ги користат програмите и мерки за вработување ги нотиравме главните потреби и препораки за новиот Оперативен план кои ќе претставуваат и приоритет при креирањето и редизајнирањето на конкретните мерки и програми“, изјави Јовановска.
Од УНДП велат дека фокусот во 2019 година ќе биде ставен на ранливите категории граѓани кои се невработени.

„Програмата за развој на Обединетите нации е долгогодишен партнер на националните институции во програмите за вработување и зголемување на вработливоста, со посебен акцент на ранливите категории и нивно активирање и поуспешно вклучување на пазарот на трудот.“ – истакна Нарине Сахакјан, в.д. постојана претставничка на УНДП во државата.

Оперативниот план за 2019 година планирано е да се издвојат 1,1 милијарда денари што е двојно повеќе споредено со 2016 година.
Годинава пак за активните мерки беа одвоени 985,5 милиони денари, а реализацијата на истите е над 90 %.

Би можело да ве интересира

Николовски: Во Буџетот има помалку пари за земјоделците за 15% и 10 пати помалку пари за рурален развој

Втор ден амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2025 година

Почнува амандманска расправа за Предлог – буџетот за 2025 на Комисијата за финансирање и буџет

Лефков: Во Буџетот за 2025 година 25 проценти повеќе пари за здравството од оваа година

Продолжува комисиската расправа за Предлог – буџетот за 2025 година

(ВИДЕО) Лефков: Владата на ВМРО-ДПМНЕ предвидува 3 милијарди денари повеќе во Буџетот за образование