А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Грчките медиуми изнаоѓаат секакви теми за да се занимаваат со Македонија

by А1он08/02/2013 - 12:55132
Share0

Грчките медиуми и денеска изнаоѓаат разни начини како да се занимаваат со Македонија или прашањето за името, се разбира, во поддршка на ставовите на официјална Атина за оваа тема.

Добивај вести на вибер

Лидерот на грчката партија Независни Грци Панос Каменос, повторно во Парламентот го обвини премиерот Андонис Самарас дека не одговара на ниту едно пратеничко прашање во врска со преговорите за „името на Скопје“.

– Поднесов седум тематски прашања до премиерот за преговорите со Метју Нимиц за името на Скопје, но тој одбива да дојде во Парламентот и да одговори, рече Каменос и го потсети Самарас дека според Уставот и парламентарните закони, негова обврска е да одговори на пратеничките прашања.

Информативниот сајт „еуро2деј“, пак, осврнувајќи се на активностите на Самарас, пишува дека од патувањето на премиерот во Катар немало никаква дипломатска корист, затоа што, според дипломатски извори, немало никакви впечатоци за средбата со турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган. Во исто време, според порталот, кабинетот на Самарас молчел и за посетата на македонскиот претседател  Иванов кој во исто време престојувал во Катар и во Доха договорил инвестиции и отворање на македонска амбасада.

Провладиниот „Катимерини“ во коментарот по повод престојната посета на францускиот претседател Франсоа Оланд на Атина потсетува дека поддршката на Париз за Грција не е ограничена само на економијата, туку се протега и на дипломатско поле.

„Свежи се сеќавањата за француската силна и одлучувачка поддршка за прашањето за името на Скопје и интервенцијата на Николас Саркози во полза на Грција за време на самитот на НАТО во Букурешт. Неговиот наследник, Оланд суштински го наметна ова и на своите колеги од други моќни држави со цел да се добие едногласна одлука за ова прашање, да се постигне договор за взаемно прифатливо решение за да се унапреди процесот на интеграција на соседната земја во НАТО“, пишува „Катимерини“.

Некои медиуми, меѓу кои најгласни се воглавно националистичките информативни сајтови, се уште пишуваат за промоцијата на книгата „Европската картографија и политика: случајот на Македонија“, при што ги пренесуваат информациите во македонските медиуми, меѓу кои и МИА, дека „Аврамопулос промовирал книга за ’грчкиот карактер’ на регионот Македонија.

imeto

Би можело да ве интересира

Дендиас за меморандумите со С. Македонија: Секоја грчка Влада оценува што е во нејзин интерес

Ана Ололовска05/05/2023 - 15:1705/05/2023 - 15:20

Варвициотис: Ако се врати националистичката реторика кај соседите, ќе ја редефинираме позицијата за евроинтеграцијата

Ана Ололовска03/11/2021 - 12:22

ВИДЕО: Димитров сугерира разрешување на Мизрахи, Министерството не е нејзин приватен стан

Ана Ололовска09/02/2020 - 13:0809/02/2020 - 13:36

На бугарскиот граничен премин „Ѓуешево“ се уште се користи „ПЈРМ“

Драган Поповски30/01/2020 - 18:5731/01/2020 - 08:41

За Илија Димовски „Никогаш Северна“ по дома, но секогаш Северна во европските фотелји

Габриела Димковиќ-Мишевска24/12/2019 - 12:5324/12/2019 - 14:38

Габер не очекува застој во работата на македонско-грчкиот експерски комитет поради предврмените избори

Ана Ололовска11/12/2019 - 13:21
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен