Леши повеќе не е во армиска служба, се очекува Мета да го назначи за министер

Од:

Албанскиот претседател Илир Мета потпиша указ со која го ослободува бригадниот генерал Сандер Леши од активна воена служба, со што се отвора патот шефот на државата да ја потпише уредбата со која тој ќе биде именуван за министер за внатрешни работи на Албанија, за што рокот истекува на полноќ.

Указот Мета ја потпиша по добиениот предлог од Министертвото за одбрана за ослободување на Леши од активна служба.

Пред неговото влегување во претседателската резиденција на новинарско прашање дали ќе стави потпис на уредбата со која Леши ќе стане министер, Мета кусо одговори: „Има време до вечер, сега одам во канцеларија“.

Мета во неколку наврати изјави дека многу добро го познава Уставот и сопствените надлежности, дообјаснувајќи дека за министер не може да биде именувано лице кое е во активна армиска служба.

Леши претходно достави и лично барање до шефот на државата за ослободување од обврските во армијата.

Со одлука на Владата на премиерот Еди Рама, Леши моментно ја извршува функцијата заменик министер за внатрешни работи со надлежности на министер.

Би можело да ве интересира

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици

Оружен инцидент во Скадар, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Албанија

(ВИДЕО) Снимка од апсењето на Илир Мета: специјалци го влечеа од автомобил

Катерина Ѓуровски