ЗМСТАС: Филипче вети дека за проблемите на сестринството ќе се разговара на наредната седница на Владата

Од:

По реакциите на Унијата на ЗМСТАС предводени од здружението „ЗА НАС“, во врска со прераспределбата на буџетот за 2019 година во која медицинските сестри не беа вклучени, се одржа средба со министерот за здравство, Венко Филипче.

„Бевме повикани на состанок во кабинетот на министерот за здравство, Венко Филипче каде по краткиот разговор добивме ветување дека решението на нашата реакција ќе го добиеме уште во текот на наредната седница на Владата. Унијата ќе биде трпелива по ова прашање до наредната среда.“ – изјави сестра Горданка Бешлиовска, претседател на Унијата.

Во однос на останатите проблематики за „сестрите-концесионери“, измените во Законот за здравствена заштита, потребата од постоење на правен субјект – комора, непризнавањето на високите школи и изземањето од ноќните смени поради преоптовареноста на буџетите за кои Унијата тековно известува и реагира, министерството за здравство вети наредна средба на која сите барања ќе бидат поединечно дискутирани.

Би можело да ве интересира

Филипче: Нема да му бидеме алиби на Мицкоски за предвремени избори, а „Платформата 12.05“ одработува за власта

(ВИДЕО) Филипче: Балканскиот криминален октопод се руши, по Вучиќ и Орбан следен ќе биде Мицкоски

Пристигнаа сто нови возила за итната помош, се унапредуваат условите за иницијален третман на пациентите уште при транспортот

Смртноста на државна кардиохирургија бара јасни одговори

Предраг Петровиќ

Бесплатно советувалиште во Центар за дојка

„Крварев и умирав од болки“ – медицинска сестра сведочи за голготата која ја минала во три болници

Катерина Ѓуровски