Град Скопје: Во тек се подготовките за есенската акција за садење

Од:

Екипи на ЈП „Паркови и зеленило“ по налог на Град Скопје деновиве на терен вршат подготовки за претстојната голема есенска акција за садење.

Во рамките на есенското садење ќе бидат засадени 3.500 висококвалитетни листопадни садници на повеќе локации во сите скопски општини. Дрвјата се набавени од Град Скопје, за што од буџетот беа издводени 12.5 милиони денари.

На предвидените локации на терен се копаат дупки, се одложува неквалитетната земја и се заменува со плодна земја.

Дрвјата во рамките на есенското садење ќе бидат засадени по должина на градските сообраќајници, во средишните жардиниери на булеварите, во парковите, на локации каде што биле исечени, како и во дрворедите каде што треба дополнување.

Би можело да ве интересира

Безбедна е водата за пиење во Скопје

А1он

Отстранет e билбордот „Добредојдовте во Скопје“

Горан Наумовски

Ѓорѓиевски: Даноците и цената на паркингот ќе останат исти

А1он

Ѓорѓиевски и Град Скопје велат дека снегот не ги изненадил

Катерина Ѓуровски

Најдобар пожарникар, полицаец и крводарител: Доделени признанија од Град Скопје

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Станкоска: Системските пропусти во јавниот превоз Орце ги решава со кампањи за подигање на свеста на граѓаните

Горан Наумовски