„Гоце Делчев да знаеше и тој Будимпешта ќе избегаше“ – коментари на објавата на Груевски, од поддршка од пратеници до огласи

Од:

На објавата на експремиерот Никола Груевски, дека се наоѓа во Будмпешта и оти бара политички азил, граѓаните оставија над 2500 коментари. Дел од нив беа со поддршка за Груевски, додека дел беа шеги во врска со неговото бегство, а има дури и огласи.

Коментираше и пратеничката Жаклина Лазаревска од СДСМ, која го искритикува потегот на Груевски.

– Големо патриотиште, побегуља, мажиште…ти избега, а што со твоите деца? Ајде што имаа татко фирер, диктатор, клептоман, криминалец…сега уште плачко, исплашен, избеган…што психопат ја водел државата 11 годни! Ех бре војводи, замислете Питу Гули да избегаше од Мечкин камен и да ги оставеше комитите сами како Грујо што ги остаде Миле, Горде, Чипо…пишува Лазаревска.

Пратеникот Ванковер Мачев од ВМРО-ДПМНЕ, пак, му изрази поддршка на Груевски.

– Претседателе имате многу верни поддржувачи…Господ да е со Вас, да ви даде сила и мудрост. Да помине оваа ненормална ситуација, пишува Манчев.

Помеѓу останатите коментари може да се забележат голем број шеги, но и огласи:

„Виетнамски прасиња за чување како домашни миленици или за месо. Месото е без холестерол. Можна е замена за: птици (живина, папагали, фазани, пауни) и храна (пченка, пченица, јачмен, сончоглед, просо)“

„Дали застана на Предејане да к’снеш плескавица со кајмак?“

„Како не му текна ова на Гоце Делчев во 1903? Секоја чест војводо, ќе чекаме подобри времиња да дојдат и да се вратите во слободна Македонија“

„Да си паметен сега Мекдоналдс да си почниш, нов живот скроз, па најубо ќе си напрајш премиере наш“

„Господине Груевски, ако имате дојава за наместени натпревари од прва или втора Унгарска лига, ве молам пишете во инбокс. Делиме по пола“

„Дај направи селфи да те видиме“

„Како ти е планот за назад? Да ми земеш нешто од Врање на враќање?“

„Убавинки бате Будимпешта, у средно на екскурзија бевме ние“

Би можело да ве интересира

На Груевски му застарува затворската казна во случајот „Тенк“ за набавката на мерцедесот

Катерина Ѓуровски

Фејсбук и Инстаграм се вратија, корисниците можат повторно да се логираат

Груевски: Македонија станува протекторат, народот прави црни листи на избори, а не други држави

Врховниот суд пресече за „Плацеви на Водно“ – за Груевски останува казната од Апелација

Османи: Груевски треба да биде во Македонија и тука да се соочи со правдата

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески