Обвинителството почна предистражна постапка за бегството на Груевски

Од:

Поради основи на сомневање дека одредени службени лица, злоупотребувајќи ја својата службената положба и овластување, му овозможиле на осудениот Никола Груевски нелегално да ја напушти Република Македонија, Обвинителството почна предистражна постапка.

– Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција следејќи ги информациите во врска со бегството на осудениот Н.Г., како и написите на медиумите и интересот на јавноста, оформи предмет по допрен глас. Во врска со настанот постојат основи на сомневање дека одредени службени лица, злоупотребувајќи ја својата службената положба и овластување, му овозможиле на осудениот нелегално да ја напушти Република Македонија, соопшти Јавното обвинителство.

Предметот, како што е посочено, е доделен на надлежен обвинител и во рамки на предистражната постапка издадени се наредби за прибирање податоци поврзани со настанот.

Поранешниот македонски премиер Никола Груевски, кој тебаше да се јави на издржување на двегодишна затворска казна за предметот „Тенк“, под се уште неразјаснети околности пребега во Унгарија, каде што бара политички азил.

Би можело да ве интересира

Обвинителство: Обвинителката Џабирова Велков во случајот „Тотал“ морала да изврши преквалификација на обвинението

СДСМ: По Груевски, слободен е и Латас – јасен доказ дека Мицкоски управува со Обвинителството

СДСМ: Ослободувањето на Груевски е уште еден доказ за контролираното правосудство

ОЈО Скопје бара мерки на претпазливост за три лица за насилство врз дете во Маџари

Обвинителството бара притвор за осум и мерки за претпазливост за четири лица уапсени во рамките на истражната постапка за проневера на над 180 милиони денари во ФФМ

Предраг Петровиќ

Власта ги прелажа вработените во обвинителствата, предложен е закон кој не е по мерка на јавнообвинителска служба

Горан Наумовски