Полудефанзивецот на Челзи, Н’Голо Канте одбил да ја добива платата во клубот преку офшор компанија, тврди „Медијапарт“.
Дваесет и седумгодишниот Французин на почетокот се согласил, но потоа го променил своето мислење и одбил да добива пари на сличен начин.
– Канте се предомислил и сакал да биде исплатен по нормален пат, пишува „Медијапарт“.
Канте премина во Челси во 2016 година. Како дел од „сините“, тој ја освои Премиер лигата и ФА Купот.
Во оваа сезона, Канте има 16 настапи за Челзи, а во нив постигна еден гол и една асистенција.