(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ Ѓорче Петров: Финансиска поддршка на бранителите во конфликтот во 2001, жители на Општината

Од:

„Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ при Ѓорче Петров преку советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ денеска поднесе барање за надополнување на дневниот ред на наредната седницата на Советот на Општина Ѓорче Петров.

Бараме од Буџетот на општината наместо ненаменски да се трошат средства да се определи ставка за финансиска поддршка на бранителите учесници во конфликтот во 2001 година кои живеат на територијата на Ѓорче Петров“, рече Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Имено, бараме на дневниот ред да се стави точка: финансиско олеснување на обврските на кои подлежат бранителите – учесници и нивните семејства кои што учествуваа во конфликтот во 2001 година во Република Македонија.

Поточно финансиско олеснување за:

ужинка и екскурзии во училиштата,
стипендии за младите,
поддршка при изработка на елаборат за легализација,
ослободување од комуналии за градба
ослободување за надоместок за градинка
ослободување од ѓубретарина во руралниот ден на општината.

Согласно процедурите сакам да истакнам дека ВМРО-ДПМНЕ целосно ќе го сработи Предлогот и сите овие барања дополнително ќе бидат вметнати во амандманската расправа за формирање на Буџетот на општината за 2019 година“, изјави Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела