ВМРО-ДПМНЕ Охрид: Нема трага од изградбата на современи спортски и детски игралишта ветувани од СДСМ и Стојаноски

Од:

„Создавањето услови за спортување и правилен физички развој на младите треба да бидат врвен приоритет за секоја власт, кои се докажуваат единствено преку работа и дела.

Младите се чувствуваат гневни, измамени и злоупотребени по измината една година локална власт на СДСМ и градоначалникот Јован Стојаноски. Нема никаква трага од изградбата на современи спортски и детски игралишта на повеќе локации во градот“, рече Александар Здравевски, претседател на Унија на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.

„На потегот од улиците „Марко Цепенков“ и „Момчило Јорданоски“ во Горна Влашка маала градоначалникот Стојаноски вети фудбалско игралиште, но за жал наместо детски џагор и спортски натпреварувачки дух гледаме обрасната трева и несреден простор.

Каде се ветените детски игралишта во Центар и Коњско?

Постојните детски игралишта се во лоша состојба, а нема никакви санирања на детското игралиште на улица „Васил Главинов“, ниту пак реконструкција на детското игралиште кај „Стобекс“ во Видобишта.

Наместо нови детски игралишта, спортски терени полни со деца и младинци имаме оштетени реквизити, насекаде може да се забележи отпад, како и неискосена трева. Апсолутно никој не се грижи за нивното одржување.

Младите за СДСМ и Стојаноски не се ставени на прво место. Тие воопшто не се грижат за интересите на младите.

Од спорт, забава и здрав живот за сите – младите во Охрид добија монотонија, кошмар и неживот“, изјави Александар Здравевски, претседател на Унија на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски ги излажа граѓаните и за економијата, животниот стандард е влошен

Манасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Кузеска: Македонскиот јазик е признаен и заштитен, патриотизам е интеграцијата во ЕУ

А1он

Министерството за транспорт ги објави четирите понуди за електричните автобуси, тврдењата на СДСМ ги оценуваат како паушални

Фрчкоски: Тендерот за автобусите пропадна затоа што бил местен за 12 милиони евра повеќе

Предраг Петровиќ

Филипче: Синдикалната кошничка е 69.000 денари, три минимални плати се потребни

Предраг Петровиќ