(ВИДЕО) Стефанова: Опасноста за бегство на Груевски не беше земена сериозно и се случи она што се случи

Од:

Специјалното јавно обвинителство во целиот изминат период постојано апелираше сугерираше за притвор за обвинетиот Никола Груевски и другите обвинети во случајот „Титаник“.

Уште при првото барање за спроведување истрага беа предложени мерки притвор и истите беа одбиени додека во текот на постапката Никола Груевски побара јавувањето во судот еднаш неделно да биде заменето со еднаш месечно, рече обвинителката од Специјалното јавно обвинителство, Лиле Стефанова.

– Кога го поднесовме обвинителниот акт поднесовме и барање за определување мерка притвор и тогаш Кривичниот совет го одби нашето барање со наводи дека иако постои опасност од бегство, бегството можат да го обезбедат со одземање на патната исправа и јавување на обвинетите еднаш неделно во судот. Во меѓувреме обвинетиот Никола Груевски побара јавувањето во судот еднаш неделно да му биде заменето со јавување еднаш месечно. По ова барање ние дадовме мислење дека треба да биде одбиено како неосновано, меѓутоа советот го прифати и сега има јавување еднаш месечно, вели Стефанова.

Според обвинителката, секој кога ќе се најде во ваква ситуација, како во случајот „Титаник“, каде обвинетите се теретат за кривични дела со најмалку 3,4,5 години затвор, опасноста од бегство е сериозна.

– Мислам дека претходно опасноста за бегство не беше земена сериозно и се случи она што се случи, рече Стефанова.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

СДСМ: После ЗНАМ, и ВМРО-ОКГ се соочува со распад и поделби

Горан Наумовски

СДСМ: Судот ги доставил документите за екстрадиција на Груевски, зошто Филков ги држи во фиока?

СДСМ: Груевски има унгарски и српски пасош

СДСМ: Сиљановска е во улога за спас на Никола Груевски и Христијан Мицкоски?

Горан Наумовски

Мицкоски очекува новиот јавен обвинител да истражи како Катица Јанева ги предаде случаите од затвор

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски