По бегството на Груевски, СЈО ќе бара притвор за повеќе обвинети

Од:

Специјалното јавно обвинителство од надлежниот суд ќе бара притвор како мерка за обезбедување на присуство, за лица кои се обвинети во повеќе случаи и се товарат за тешки кривични дела, неофицијално дознава „А1он“. Ова ќе следува откако по четврти пат, обвинет, односно, осуден во предметите на СЈО бега од државата кога судот носи одлука за притвор односно издржување на затворска казна. СЈО и досега, за обвинети во нивните предмети, од надлежните судови бараше мерки за обезбедување присуство, како конфискација на имот, притвори, одземање на патни исправи.

Претходно, бизнисменот Сеад Кочан беше во бегство и се бараше со меѓународна потерница, во време кога СЈО за него бараше притвор. Предметот „Труст“ каде бизнисменот е обвинет се разгледуваше во Кривичниот суд, Апелациониот па во Врховниот суд. Токму тој период бил доволен за Кочан да замние од државата, а враќањето беше кога највисокиот суд одлучи бизнисменот да се брани од слобода, со помош на парична гаранција.

Но сеуште на слобода се поранешните вработени во УБК, Никола Бошкоски и Горан Грујевски на кои Апелациониот суд им одреди притвор. Двајцата се обвинети од СЈО за нелегално прислушување на илјадници граѓани преку злоупотреба на системите за следење во МВР и за физичко уништување на системите со кои се прислушувало. Двајцата седат во Грција, а тамошниот суд одби да ги екстрадира. Бошкоски и Грујевски сега бараат политички азил во Грција, додека пак СЈО поднесе ново барање за екстрадиција за кое дополнително ќе одлучуваат надлежните органи во земјата.

Последно, по пресудата за случајот „Тенк“ илегално земјата ја напушти и експремиерот Никола Груевски, кој е осуден на две години затвор за случајот “Тенк”. Тој е во Унгарија, каде бара политички азил, за кој дополнително тамошните власти треба да одлучажуваат.

Кристијан Ландов

Би можело да ве интересира

СДСМ: По Груевски, слободен е и Латас – јасен доказ дека Мицкоски управува со Обвинителството

Македонски државјанин почина во притворски центар во Албанија

Горан Наумовски

СДСМ: Ослободувањето на Груевски е уште еден доказ за контролираното правосудство

Обвинителството бара притвор за осум и мерки за претпазливост за четири лица уапсени во рамките на истражната постапка за проневера на над 180 милиони денари во ФФМ

Предраг Петровиќ

Предложен притвор за предизвикување општа опасност со намерно опожарување на возилата на бугарската амбасада во Скопје

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Кузеска: Нова лага на Мицкоски, знаел за државјанството на Груевски – затоа документите не се праќаат