48 часовен притвор за четворицата осомничени за пожарот во Трубарево

Од:

Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје им определи мерка притвор во траење од 48 часа на четворица осомничени за пожарот во Трубарево.

Четворицата се осомничени за кривичното дело Загрозување на животната средина и природата со отпад.

Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на ОЈО – Скопје за определување краткотраен притвор за 4 лица, кои доцна синоќа беа спроведени во судот, а поврзани со пожарот кој на 13.9.2025 година се случи во Трубарево – Скопје, донесе решенија со кои го прифати предлогот и на: В.М., З.С., М.Д. и Л.Д. им определи мерка притвор во траење од 48 часа, информираат од Основниот кривичен суд Скопје.

Поради основано сомнение дека со заеднички дејствија учествувале во извршување на кривично дело – Загрозување на животната средина и природата со отпад од член 230 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик, во врска со пожарот во Трубарево, Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против четири лица за кои од судија на претходна постапка синоќа побара определување мерка краткотраен 48-часовен притвор за обезбедување докази, соопшти Републичкото јавно обвинителство.

– Нивните конкретни дејствија се испитуваат, но станува збор за 56-годишен управител и сопственик на две правни лица, 22-годишна управителка на трето правно лице, 42-годишник во својство раководител на подружница и еден 59-годишник вработен во правно лице. Се испитува потенцијална одговорност и на други лица, се вели во соопштението.

Резултатите од извршените мерења на загадувањето од Министерството за животна средина се уште се чекаат.

Пожарот избувна завчера околу 14 часот во складиште за рециклирање отпад во Трубарево.

Лекарска помош по пожарот побараа четири лица и сите се надвор од животна опасност.

Би можело да ве интересира

Уапсен е 25 годишник во село во Старо Нагоричане – пијан предизвика пожар

А1он

Обвинителството бара нови мерки за Дејан Јованов – Кривичен утре ќе одлучува за притворот

А1он

Владата препорача работа од дома за вработените во институциите во зградата на „Нова Македонија“ поради техничката хаварија

(ВИДЕО) Од пожар во кафуле изгоре трикатница во Грција

А1он

ЦУК: Гори магацин за бои и лакови во Железара

А1он

Кратовец со нож прободе полицаец, ќе оди во притвор

А1он