На 28.04 2017 во 14 часот и 24 минути поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски му испратил порака на Крсто Мукоски со содржина „Човекот ми кажа дека од камерите кај вратите скоро и ништо не се гледа. Една камера има оддалеку и тоа матна“, на што Крсто Мукоски му одговара со порака со содржина „Ми кажа човекот ама не е лошо некако да се слушнеш со мојот колега што вчера беше кај тебе. Тој е отиден на разговор кај еден друг човек што треба да ја потврди целата ситуација и да гарантира дека е така како што кажуваш. Треба да да се укаже на сериозноста на целата работа. Пиши ми кога ќе имаш инфо“.
Неколку часа подоцна Мукоски повторно му испраќа порака „Извини те малтретирам, има ли нешто“ ново на што Вељаноски одговараа дека не се видел со човекот но „Така е“ мислејќи на тоа дека ништо не се гледа од камерите кај вратите во Собранието.
Виктор Јованов