Стен Ли, популарниот автор на стрипови, кои ги создаде дел од хероите како Спајдермен и Ајрон Мен почина денеска во Лос Анџелес на 95-годишна возраст.
Тој е најпознат по Марвел јунаците, на кои што почнал да работи уште во 1939 година, кога компанијата се викала Тајмли Комикс.
Заедно со уметникот Џек Кирби тие работеа на создавањето на Фантастичните четворица, Хулк, Тор, Ајрон мен и Икс-мен. Со Бил Еверет ги создаде Деардевил, додека Спајдермен и Доктор Стрејнџ ги работеше со Стив Дитко.
Сите негови ликови живеат во ист универзум, што е сличен на нашиот, а повеќето гравитираат околу Њујорк.
Неговите ликови биле дел од голем број серии, филмови и видео игри, а најголема попуарност стекнаа со серијалот филмови „Одмазници“, кој идната пролет треба да ја заврши првата фаза.
Ли стана ѕвезда благодарение на неговите стрипови но и неговиот карактер и добра смисла за хумор.