Тачи: Противниците на мирот го попречуваат договорот меѓу Косово и Србија

Од:

Косовскиот претседател Хашим Тачи вели дека противниците на мирот го попречуваат постигнувањето мировен договор меѓу Косово и Србија, бидејќи се свесни дека еден таков договор ќе ги наруши нивните деструктивни планови.

Тачи на својата страница на Фејсбук денеска објави дека на Мировниот форум во Париз побарал поддршка за напорите на двете земји и на Европа „за јакнење на мирот преку дијалогот меѓу Косово и Србија, со посредство на Европската унија“.

– Противниците на мирот знаат дека мировен договор меѓу Косово и Србија би го нарушил нивниот деструктивен план, план кој има за цел да ја скрши Европа, да ги разниша демократските стандарди, да ги измами и да ги подели Европејците и да наметне еден застарен морал, од кој долго страдаа претходните генерации, напиша Тачи.

Би можело да ве интересира

Македонски автобус заглави во снегот во Србија, се излизга и удри во банкина

Катерина Ѓуровски

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

11 уапсени за трагедијата во Нови Сад, приведен и Горан Весиќ

Катерина Ѓуровски

Во Србија уапсен двојниот убиец од Црна Гора: „Фатен е на спиење“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Србија снегот направи големи проблеми: „Прст пред око не се гледа“