Вежба „Есенска Бура“ на Криволак

Од:

На армискиот полигон „Криволак“ се спроведува вежбата „Есенска Бура“.

На вежбата припадници на Армијата на Република Македонија од составот на полкот за специјални операции (баталјонот за специјални намени и ренџерскиот баталјон), Здружената оперативна команда (единици од воздухопловната бригада, од баталјонот воена полиција и првата механизирана пешадиска бригада), заедно со припадници на Министерството за внатрешни работи од единицата за брзо распоредување, единицата за специјални задачи и хеликоптерската единица, а со поддршка од Центарот за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување, изведуваат поголем број на вежбовни активности, соопштија од Министерството за одбрана.

Како што посочија оттаму со вежбата воедно се врши и тестирање на борбената готовност на единиците, подготвеноста за експедициски мисии и кризен менаџмент.

Ова е прва ваква вежба во која учествуваат заеднички овие единици на АРМ, МВР и институции од кризниот менаџмент, и истата ќе треа неколку дена, додаваат од Министерството.

Би можело да ве интересира

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он