„Кризниот штаб против промена на Уставот, распуштање на Собранието и распишување на избори „Македонија-Блокира„ во кој членуваат 84 организации од земјата и дијаспората, го повикува Движењето „Бојкотирам уставни промени, на семакедонско заедничко дејствување, со цел, во овој краток период што преостанува да спречиме промена на уставот и бришење на се што е македонско.
Сега е потребно обединување на македонски оти ова не битка за поединци, лидери или за власт, ова е битка за опстанок на цел еден народ, ова е битка за Македонија и Македонците.
Сите ние како Македонци имаме света должност, сплотени и единствени, да се бориме македонците да не бидат избришани од светската мапа на нации, да се бориме да го одбраниме името, идентитетот, историја и традицијата на македонскиот народ.
Нашата борба е света должност и затоа Македонија ќе победи. Нашата борба е исправна и оваа битка ќе ја решиме со спречување на промена на Уставот, распуштање на Собранието и распишување избори со еден услов, а тоа е избори без Зоран Заев како премиер“, се вели во соопштението на „Македонија-Блокира“.