Груевски е тука, чека амнестија од Иванов

Од:

Се помалку можности остануваат и се стега обрачот околу екс премиерот Никола Груевски. Со тоа што три дена е недостапен за судските курири кои треба да му го врачат решението на Кривичниот совет со кое се одбива неговата жалба за одложување на издржување на затворската казна, Груевски „избоксува“ викенд на слобода.

Последен контакт со него на социјалните мрежи е во четвртокот кога за да покаже дека е неопходен во Законодавниот дом, се појави на Комисијата за уставни прашања. Каде е Груевски? Во станот кој му е пријавен за живеалиште го нема, на работното место во Собранието исто го нема, иако и викендов се работни денови, се дебатира за ребаланс на буџетот и за уставните измени. Нов обид судскиот курир за доставување на одлуката на судот ќе направи во понеделник. За тој ден е закажано и рочиште за предметот „Титаник“, случај во кој тој е еден од обвинетите. Но Груевски и утре можно е да не се појави во судот.

Од МВР велат според процедурите, без налог од судот не може да го бараат Груевски, односно се додека Кривичниот суд не даде налог, полицијата нема да реагира. Иако се шпекулираше дека ја напуштил државава, според сознанија на А1он тој се уште е во Македонија.

Груевски доколку одлучи да бега од заминување на издржување на казната затвор има две шанси за спас. Адвокатите можат да поднесат иницијатива до Јавниот обвинител на Република Македонија, за тој како надлежен да достави барање за заштита на законитоста. Поверојатно, според информациите на А1он е Груевски да игра на картата-амнестија од Ѓорге Иванов. Според наши сознанија, Иванов се уште размислува дали да го направи овој чекор, кој барем засега и за овој случај ќе го спаси екс премиерот да оди во затвор.

Шефот на државата освен од Иницијативата за спас на Груевски, нема поддршка за ваков голем чекор. Официјално барање за ова нема ниту од партијата на Груевски. Иванов е свесен дека кога додели амнестија за случаите на СЈО, предизвика лавина реакции и го извади народот на улица.

Многу непознаници, кој и како ќе влече потези, Груевски и во затвор останува пратеник и ќе прима плата, но до кога е неизвесно, бидејќи го чекаат многу потешки процеси од „Тенк“ за кој доби казна затвор од две години.

Би можело да ве интересира

На Груевски му застарува затворската казна во случајот „Тенк“ за набавката на мерцедесот

Катерина Ѓуровски

Заменик-министерот за одбрана на Русија обвинет за поткуп од една милијарда рубли

Горан Наумовски

Груевски: Македонија станува протекторат, народот прави црни листи на избори, а не други држави

Врховниот суд пресече за „Плацеви на Водно“ – за Груевски останува казната од Апелација

Иванов: Се исполнува визионерскиот став на Кисинџер дека за конфликтот во Украина кога тогаш мора да почне дијалог

Горан Наумовски

Османи: Груевски треба да биде во Македонија и тука да се соочи со правдата

Горан Наумовски