(ВИДЕО) Стоилковски: Политичкиот прогон за Груевски е со цел омаловажување на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

„Република Македонија живее со најголемиот политички мотивиран процес, воден од партиското Кацарска судството со единствена цел: задоволување на единствениот аболициран и помилуван криминалец поставен за премиер во Европа Зоран Заев. Ова што го сведочиме е вистинското лице на газењето на правдата, на судството, на демократијата, на вредностите, ова е вистинската одлика за црвенокмерското владение во Република Македонија. Ова е реалноста на зборовите „кажете им беше Заев, апсениот Заев, има живи луѓе да јадеме“.

Прогонот за Никола Груевски, е прогон мотивиран единствено од политички ниски страсти за омаловажување на ВМРО-ДПМНЕ чиј што почесен претседател е Груевски. Ова истовремено е порака против сите политички неистомисленици, кои со ваков потфат треба да бидат замолкнати и да се откажат од борбата против оваа однародена, капитулантска власт“, рече Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Оваа хајка која што сега се прави против поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ и долгогодишен премиер на Република Македонија, има и свој втор мотив договорен во мрачните кулоари на македонската неправда и реализирана во Кацарска несудството. Во моментов во Собранието паралелно тече втората фаза од обезличувањето на Република Македонија, втората фаза од реализација на капитулантскиот договор, истовремено со најголемиот пораз на македонската економија, ребаланс на буџет кој е потрошен за ништо.

Прогонот врз Груевски сега преку министерството за медиумска вистина- треба да ги покрие овие зафати на новата реалност, франкенштајн коалицијата за бришење на македонското постоење преку легализација на капитулацијата, економското осиромашување, обидот за кршење на македонската кичма. Ова само остава огромен впечаток дека по третата фаза, по ставањето точка на последниот македонски Устав, оваа хунта може да организира и јавно палење на вештерки на плоштадот, само да го оттргне вниманието од себе и да внесе поголем страв во јавноста.

Кацарска судството во Македонија работи под целосен диктат на Зоран Заев. Не важат докази, не важат аргументи, слепо важат само политичките нарачки на единствениот аболициран политичар Зоран Заев. Но, и Заев и Кацарска, и обвинителот сокриен во пупката на Заев, треба да знаат дека ниеден процес нема да ја симне дамката од Заев, аболициран за криминал од милиони евра за Глобал, помилуван за милиони во поткуп како градоначалник, помилуван од Кацарска судството за ПУЧ. Дамката единствен македонски политичар кој прифати и потпиша капитулација и македонско обезличување и газење на националните интереси!

Рокот на употреба на оваа франкенштајн коалиција за капитулација и политички прогон брзо изминува. Политички прогон нарачан од Заев, сепак, нема да го изедначи Груевски или било кој од ВМРО-ДПМНЕ со Заев и неговите криминали, ниту ќе му ја оправда капитулацијата“, изјави Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

Катерина Ѓуровски