Реформите на УБК пред собраниска комисија, во анализата македонскиот модел наречен хибриден

Од:

Самостојна разузнавачка служба и нецелосно самостојна внатрешна служба во состав на Министерството за внатрешни работи, две одделни национални служби, едната самостојна безбедносна контраразузнавачка и една самостојна разузнавачка со надлежност надвор од границите и една нацинално безбедносно-разузнавачка служба надлежна и за разузнавање и за контраразузнавање, се трите модели за реформирање на безбедносно-разузнавачкиот систем на Република Македонија, што се содржани во компаративната анализа и свот анализата, кои денеска беа презентирани пред членовите на собраниската Комисија за одбрана и безбедност.

Компаративната анализа е изработена врз основа на анализа на закони на безбедносно разузнавачките служби, споделени добри практики од партнерски служби и сознанија добиени од отворени извори, од академски студии и публикации за работењето на 30 разузнавачко-безбедносни служби во 20 европски држави. Со свот анализата беа презентирани предносите и недостатоците на трите понудели модели.

Истражувањето е изработено од подгрупа во рамки на интересорската група назначена од Владата, која работи на реформите на безбедносно-разузнавачкиот систем, а денеска пред пратениците нејзината претставничка Даниела Ѓоршоска ги презентираше податоците во документот, во кој македонскиот модел – УБК во рамки на МВР е наречен хибриден, бидејќи од сите 30 земји е регистриран само тука.

Предности на моделот кој постои во Македонија се користењето на инфраструктурата на МВР и на службите за поддршка, но недостатоците се побројни.

– Како недостатоци се наведени непостоење на посебен закон, моделот не соодветствува со модерните европски служби, ограничена е самостојноста во рамки на МВР, финансиска несамостојност, во голема мера постои преклопување на надлежностите, влијание на менаџирањето на човечките ресеруси, нетранспарентност, полициски овластувања, застарени модели на работа, нагласи таа.

Предности на вториот модел, според кој УБК излегува од МВР и станува самостоен орган, се законско регулиурање на надлежностите, самостојно носење одлуки за систематизацијата на работните месата, самостојност во менаџирањето на човечките ресурси, целосна применливост на разузнавачкиот циклус, креирање на политика на транспаретност и доверба во јавноста, превентивно дејствување без можност за злоупотреба на полициските оволастувања. Како недостаток, Ѓоршоска ја наведе можноста за воспоставување повторна соработка со други органи на државната управа. Ваков модел е регистриран во 11 држави, кои биле предмет на анализата.

Како предности на третиот модел таа ги издвои концентирањето на инмформаци во еден центар и можност за компаративна анализа на предизвиците и заканите, еден буџет и инфраструктура, но, како што рече, недостатоци се концентрацијата на моќ, можност за губење на разузнавачката компонента, монопол врз информации, политички влијанија, неможност за двојна проверка на информациите. Овој модел е забележан во девет држави.

Најголем процент од анализираните безбедносно-разузнавачки служби за својата работа одговараат пред Владата, односно премиерот, но има и такви кои се одговорни пред МВР, претседателот на државата, пред независни совети, пред Министерството за одбрана и Министерството за правда.

Во однос на надлежносите во мнозинството служби (28) е регистрирана борбата против тероризмот, а потоа се пролиферацијата, заштита на економската безбедност, екстремизмот, контраразузнавање, организираниот криминал. – Во однос на овластувањата со кои располагаат тие се однесуваат строго на можноста за прибирање само на разузнавачки податоци, но не е исклучена можноста и на прибирање на судски доказаи за кривично-правно процесуирање, нагласи Ѓоршоска.

Начинот на кој се регрутира кадарот во овие служби е од особено значење во процесот на реформирање на безбедно-разузнавачките служби, со оглед на злоупотреувањата кои изминатите години ги имаше кај нас во овој сектор.

– Дозволен пристап за класифицирани информации во 26 служби е регистиран пред вработувањето, што не е случај во нашата држава. Задолжителна е и безбедносната проверка дека не постои безбедносен ризик за вработување и тоа го има во 28 служби, а интересно, но не и апликативно за нас во моментов е што во осум европски служби има забрана за поседување двојно државјанство, рече Ѓоршоска.

Како посебни услови за вработување во некои од службите е забрана за членување во политичка партија, во синдикални здруженија, учество во управни и надзорни тела на трговски друштва и забрана за основање приватна дејност.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во обраќање на седницата на Комисијата истакна дека една од забелешките на Прибе за затекнатата состојба во овој сектор беше дека состојбата е резултат на непочитување на професионалната етика, основните принципи на ризично управување и недостаток на познавање на чувствителноста на разузнавачите задачи во рамките на УБК.

– Беа дадени и забелешки за начинот на вработување и селекција во службата, како и недостатиг од изграден систем на постојана обука и усовршување на кадарот во Управата. И токму овие забелешки ги даваат насоките во кои треба да се движи и спроведе реформата на управата. Реформата на УБК не треба и не смее да се сведе само на нови законски решенија. Мора да постои долгорочна стратегија за тоа како да се реформира, но и како во иднина да се развива Управата, истакна Спасовски.

Во однос на надзорот и контролата, која има цел да се оневозможи злоупотребата на овие служби во анализата е констарирано дека не постои единствен модел, кој би бил соодветен и апликативен за сите земји.

Парламентарна контрола е регистрана во сите служби, владината контрола во помал процент, има контрола од постоечки судски тела, од специфични правни тела, специјално административно тело.

– Во случајот на СОА во Хрватска забележана е парламентарна, експертска и цивилна контрола., Цивилната контрола е случај само во оваа држава и во оваа служба, рече Ѓоршоска.

За пратеникот Зоран Илиоски од ВМРО-ДПМНЕ најприфатлив е вториот модел, според кој УБК ќе се одвои од МВР и ќе функционира како посебен орган.

Нагласи дека кога веќе зборуваме за реформи, треба тие вистински да се спроведат. За првиот модел вели не е никаква реформа, бидејќи станува збор за постоечкиот, додека за третиот нагласи дека според него не е најповолен за нашата држава.

– Третиот модел ќе се обидат малку сликовито да го појаснам. Мене ми лични како да пробуваме Кошаркаската федерација на Македонија и Фудбалската федрација на Македонија да ги споиме во една федерација за спорт бидејќи и двете федерации играат со топка, рече тој и нагласи оти смета дека третиот модел не е поволен за македонското општество.

Додаде дека на земјава и е потребно координативно тело, кое ќе ги обедини сите безбедносно-разузнавачки агенции, што како што нагласи ќе биде всушност најголемата реформа во оваа сфера.

Согласно акцискиот план МВР до 15 ноември треба да ѝ предложи на Владата еден од трите модели и потоа изборот ќе подлежи на анализа преку акциски план на легислативата и на сите други подзаконски акти.

Би можело да ве интересира

Арсенал оружје пронајден кај вработен во МВР, обвинителството бара притвор

Катерина Ѓуровски

СДСМ најостро го осудува палењето на возилото на претседателот на ОО Кривогаштани

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

Осумдневен притвор за 32-годишен скопјанец поради „тешка кражба на дрзок начин“

А1он

Притвор за полицаец поради продажба на кокаин

А1он

Oткази за 15 високи службеници во МВР

А1он