Усвоен амандманот за менување на името Република Македонија

Од:

Со 10 гласа „за“ и 5 „против“, Комисијата за уставни прашања го усвои текстот на 33-от нацрт амандман. По ова, Талат Џафери отвори расправа за следниот, односно 34. нацрт амандман кој се однесува на преамбулата за АСНОМ и внесувањето на Охридскиот договор во Уставот.

Овој амандман се однесува на замената на зборот „Република Македонија“ со „Република Северна Македонија“ секаде во Уставот освен во членот 36 каде има историски аспект.

Според усвоениот текст, „во Уставот зборовите ‘„Република Македонија“ се заменуваат со зборовите „Република Северна Македонија„, а зборот „Македонија“ се заменува со зборовите „Северна Македонија“, освен во член 36“.

Галена Николовска-Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он

Собранието ја одобри постапката за укинување на техничката влада

Горан Наумовски

Собранието ќе расправа за законските измани за укинување на техничката влада

Поништени огласите за членови на Судскиот совет од редот на Собранието и за избор на член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација

Собранието одлучи: Нафтената кризна состојба се продолжува до 20 јули

Мицкоски: Владата не размислува за отворање на Уставот