Интернет и телевизија за пациентите на државна

Од:

„Телекабел“ денеска на четири клиники на Универзитетскиот клинички центар „Мајка Тереза“ им подари сто и два телевизора и петгодишен бесплатен ТВ кабелски приклучок и интернет.

Донацијата е во висина од 2,3 милиони денари и е по повод 16-годишнината од неговото работење,
ТВ-приемниците се инсталирани во 65 болнички соби на Детската клиника, 15 на Клиниката за ортопедија, 12 во болнички соби на Клиниката за онкологија и 10 во максилофацијална хирургија.

– Ова е само наш мал придонес во подобрувањето на условите во дел од клиниките. Одлучивме со оваа донација на дел од Скопските клиники каде се лекуваат пациенти од цела држава да помогнеме деновите во болница да ги поминат полесно, да контактираат со своите блиски преку интернет, да ги гледаат своите омилени серии и полесно да ги пребродат тешките мигови кои секој би сакал да ги одбегне – изјави сопственикот на „Телекабел“ Роберт Димитров.

Би можело да ве интересира

Пристигнаа сто нови возила за итната помош, се унапредуваат условите за иницијален третман на пациентите уште при транспортот

Смртноста на државна кардиохирургија бара јасни одговори

Предраг Петровиќ

Бесплатно советувалиште во Центар за дојка

„Крварев и умирав од болки“ – медицинска сестра сведочи за голготата која ја минала во три болници

Катерина Ѓуровски

Левица: Европската Комисија потврди дека граѓаните сѐ уште се заложници на коруптивен здравствен систем

Горан Наумовски

Алиу: Градиме здравство што одговара на потребите на граѓаните