„Кризниот штаб против промена на Уставот, распуштање на Собранието и распишување на избори „Македонија-Блокира“, синоќа во рамките на народниот собир во Вевчани, делегација на Македонија-Блокира„ оствари и средба со пратеникот Крсто Мукоски во неговиот дом.
Во пријатна атмосфера на кафе средбата со домашна македонска ракија направена лично од домаќинот Мукоски, беа разменети мислења за актуелната состојба во државата во која марионетската власт во Скопје е во очајнички поход по секоа цена да избрише се што е македонско и зошто пратеникот Мукоски не треба да учествува во ова национално злосторство спрема македонскиот народ и македонската држава.
Ја информираме јавноста дека изразуваме задоволство од исходот на средбата. Сеуште ништо не е готово. По средбата со пратеникот Мукоски, сега со големо охрабрување ги очекуваме и наредните средби со останатите уценети пратеници од ВМРО-ДПМНЕ кои гласаа за пристапување кон измена на Уставот на Република Македонија“, се вели во соопштението на Единствена Македонија.