(ВИДЕО) Андонов: Нема правда, само политички монтирани случаи

Од:

Ексфункционерот од ВМРО-ДПМНЕ Оливер Андонов смета дека поранешниот премиер Никола Груевски во случајот „Тенк“ на СЈО за набавката на „мерцедесот“ е осуден без докази.

„Треба да се запрашаме во кое општество живееме. Се суди експремиер за набавка на ‘мерцедес’, а не се посочи како е направено кривичното дело и не се приложија докази за тоа. Треба да се запрашаме како владее СДСМ. Нема правда, само политички монтирани случаи, многу е јасна работата во целост“, рече Андонов на протестот „Правда за Груевски“ пред кривичниот суд.

Пораката на народот од 30 септември, додаде тој, е јасна, а тоа е дека не ги поддржуваат политиките на власта.

Андонов смета дека расположението кај пратениците не е за да се одземе мандатот на Груевски.

Кристијан Ландов

Би можело да ве интересира

Протест „Стоп за УСЈЕ“, се бара дислокација на цементарата

Протест во Тунис прерасна во судири со полицијата

Груевски со нова објава: Обвинувања за дволичност и финансиски интереси кон Заев и Филипче

Горан Наумовски

Заев до Груевски: Можеше да ја одлежиш казната, да бев јас некој друг ти ќе добиеше многу повеќе

Горан Наумовски

Груевски: “Кo o чему, Заев и Филипче о поштењу“

Протест против странските работници во Риека: Дојдоа 20 луѓе