Во Куманово денеска е одбележана 69 годишнината од загинувањето на народниот херој Христијан Тодоровски Карпош.
Пред бистата на Карпош во дворот на неговата родна куќа–сега Спомен куќа,букети цвеќе положија делегации од кумановската боречка организација, претставници од АРМ, од локалната власт предводена од градоначалникот Зоран Дамјановски, од политички партии, невладините организации и граѓани.
За ликот и делото на Христијан Тодоровски Карпош, пред присутните зборуваше член на семејството Владимир Тодоровски, кој потенцирајќи ја храброста на Карпош во борбите против фашистичкиот окупатор се задржа на неговите последни битки.
– Член е на првиот кумановски одред,станува партизан на 11 Октовмри,а бил убиен од страна на бугарскиот окупатор на 7 февруари 1944 за време на нападот на бугарското упориште во село Билјача, рече меѓу другото Тодоровски.
Вчера и здружението на армиски и полициски воени ветерани од активниот и резервен состав организираше свечена манифестација по повод 69 годишнината од загинувањето на народниот херој.
– Младите генерации не треба да го заборават минатото и својата историја,затоа и псоветуваме внимание во негувањето и зачувувањето на на борбените традиции од НОВ со посебен акцент на одбележување на историските настани и датуми од овој период за македонската држава, вели потпретседателот на здружението,Томислав Стојковски.
Денеска и основното училиште кое го носи името на народниот херој одбележа 54 години од постоењето. Со манифестација во чест на кумановскиот народен херој, учениците го одбележаа патрониот празник. За оваа година од училиштето најавуваат реализација на повеќе инфраструктурни проекти.
– Поради се поголемиот број на ученици во училиштето има потреба од доградба на уште десет училиници, вели директорката Лидија Костиќ, додавајќи дека ќе се спроведе и проектот за енергетска ефиксност кој опфаќа замена на прозорци и врати. Училиштето „Х.Т Карпош“ има околу 1.200 ученици и е најголемо во општина Куманово.