Груевски побарал потврда од Собранието дека членува во Комисијата за уставни прашања

Од:

Пратеникот Никола Груевски од ВМРО-ДПМНЕ барал потврда дека е член на Kомисијата за уставни прашања. Тој го доставил барањето адресирано до претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Во барањето не е наведено за која цел се бара потврдата, но Џафери вели немал причина да не му ја издаде потврдата.

Адвокатите на експремиерот Никола Груевски, осуден на двегодишна затворска казна, вчера поднеле жалба до Кривичниот совет за одложување на издржувањето на казната. Претходно одбраната на Груевски по одлуката на Апелацискиот суд со која се потврди одлуката на Кривичниот суд, поднесе жалба за одложување на затворската казна која беше одбиена од страна на судијата одреден за извршување на санкција.

Галена Николовска-Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

Реџепи: Денеска за малку ќе бевме сведок на нов скандал од страна на претседателот на Собранието

Засега без јавно образложение е одложена денешната седница на Комисијата за контрола на АНБ

Горан Наумовски

Димаљ Баша е новиот претседател на косовското Собрание

13 кандидати за претседател на ДКСК

Собранието одлучи измените и дополнувањата на Изборниот законик да се носат во скратена постапка

Катерина Ѓуровски

Фатон Сељами предложен за нов Народен правобранител