Стапката на невработеност во Европската Унија во септември годинава изнесувала 6,7 отсто, што претставува најниска стапка од 2000 година, кога почнале да се обработуваат податоците на месечно ниво, соопшти Евростат. Во однос на септември лани, бројот на невработени е намален за 0,8 отсто.
Најниска стапка на невработеност минатиот месец имала Чешка – само 2,3 отсто, па Германија и Полска со по 3,4 отсто невработени. Најголема стапка на неработеност имала Грција (19 отсто), а на второ место е Шпанија (14,9 отсто).
Во еврозоната стапката на невработеност минатиот месец била 8,1 отсто и во однос на истиот месец во 2017 година е намалена за 0,8 отсто.
Во ЕУ во септември имало 16,5 милиони невработени, од кои 13,1 милиони во еврозоната. Во однос на август бројот на невработени во ЕУ е намален за 35 000, додека во еврозоната е зголемен за 2 000.