Хан: 2025 година е реалистичен датум за ЕУ ако се исполнат критериумите

Од:

Европскиот комесар за проширување Јоханес Хан, во интервју за Ди Велт, вели дека 2025 година е реалистичен датум за прием на нови членки од Балканот, но само доколку се исполнат критериумите.

– Датум 2025 е индикативен, но ако се интензивира имплементацијата на реформите тој е доста реалистичен. Но, сите критериуми за членство мора да бидат исполнети претходно, нема скратен пат. Мотото е „квалитет пред брзина“, вели Хан.

Тој во интервјуто уште еднаш го поздрави гласањето за уставните измени во македонското Собрание.

– Благодарен сум им на сите пратеници кои си ја исполнија одговорноста и ги ставија интересите на државата пред оние на партијата. Ова посебно важи за пратениците од опозицијата кои гласаа спротивно од партиската линија и ги сносеа последиците од тоа, односно исклучувањето од партијата, изјави Хан.

Тој е уверен дека Преспанскиот договор ќе биде изгласан во Грција и вели дека овој договор ќе испрати важен сигнал на помирување за целиот регион.

– Би можел да има динамичен ефект врз решавањето на спорот помеѓу Србија и Косово и да доведе до пробив во пристапниот процес на Западниот Балкан. За земјите членки на ЕУ пристапот во ЕУ има смисла само ако сите шест земји можат да се приклучат и решението во ПЈРМ го прави ова сценарио многу поверојатно, изјави Хан, додавајќи дека со напредокот на Македонија се создава атмосфера на „позитивен натпревар“

Би можело да ве интересира

Пропадна првичниот план за Украина, ЕУ итно се обидува да смисли план „Б“

Вајц: Уставните измени се услов за напредок на македонскиот европски пат

(ВИДЕО) Филипче: Ако вака продолжиме ЕУ ќе не врати повторно на ниво на скрининг

Гаши: Ниту едно билатерално прашање не смее да биде пречка за напредокот кон ЕУ

Горан Наумовски

Закани за осум земји од ЕУ поради ризик од прекршување на фискалните правила

Горан Наумовски

Санкциите против Русија остануваат на сила, објави Урсула фон дер Лајен