Британецот Рос Еџли стана првиот човек во светот кој исплива 2.865 километри околу Велика Британија. Тој по пет месеци во вода, триумфално излезе на брегот на градот Маргејт, пишуваат британските медиуми.
33-годишниот Рос овој зафат го започна на први јуни. Тој одлучил да плива во насока на стрелките на часовникот. Во текот на оваа авантура ниту еднаш не стапнал на копно, а повремено се одмарал на бродот кој го следел.
Еџли пливал шест саати, па шест се одмарал, се борел со силните струи, убодите од стотината медузи и болките на јазикот кој бил нагризан од солената морска вода.
Во текот на патувањето потрошил околу 500 илјади калории, а изел околу 500 банани што му овозможиле постојано да добива енергија за огромните физички напори.