Франција и понатаму со став дека вредноста на еврото е превисока

Од:

Франција ќе остане на ставот дека вредноста на еврото е превисока, што може да го загрози опоравувањето на европската економија, изјави денеска францускиот министер за финансии Пјер Московиси.

Тој планира тоа прашање да го покрене на состаноци на министри за финансии во еврозоната и Групата 20 најразвиени држави и економии во раст во следната недела. Додаде дека Париз не бара да се изврши притисок врз ЕЦБ или да се поттикне меѓународен спор за девизниот курс.

– Сметаме дека меѓународниот монетарен систем мора да се реформира и стабилизира за да не зависи од расположението на пазарите, изјави тој пред денешниот самит во Брисел. По растот од 6,5 отсто во изминатите шест месеци, еврото е на 14-месечен максимум во однос на доларот и на највисоко ниво во изминатите 2,5 години во однос на јенот.

Би можело да ве интересира

На делегација на француски левичарски функционери им е забранет влез во Израел

ВИДЕО: Големо невреме на Алпите, загинаа татко и син кои помагале во спасувањето

Серија напади на затвори во Франција, властите велат ова е тероризам

Нова истрага против Марин Ле Пен

Русија: Франција и Обединетото Кралство подготвуваат планови за воена интервенција во Украина

Франција на граѓаните им испраќа и „прирачник за преживување“ во случај на војна