Над илјада уапсени на протестите против ослободување на христијанка во Пакистан

Од:

Пакистанските власти вчера уапсија стотици луѓе осомничени за напад врз полицијата и вандализам за време на протестите против ослободувањето на христијанката Асија Биби, која првично беше осудена на смрт за богохулење, изјавија денеска официјални лица.

Задушувањето на протестите започна откако пакистанскиот министер за внатрешни работи нареди провинциските власти и федералните агенции да преземат мерки против демонстрантите кои се насилни и го уништуваат јавниот и приватен имот со барање да виси Асија Биби.

„Ние ги уапсивме осомничените поради повреда на полициските службеници, оштетување на јавниот и приватен имот”, рече Али Башарат, портпарол на полицијата во Пенџаб.

Според локалните медиуми, полицијата уапсила повеќе од 1100 луѓе.

„Твитер“ вчера го одобри барањето на Владата на Пакистан и го угаси профилот на ултрадесничарскиот пакистански верски лидер Кадим Хусеин Ризви. Имено, тој преку Твитер повикуваше на омраза и насилство против судиите, премиерите и армијата на Пакистан.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Над 20 мртви во бомбашки напад на железничка станица во Пакистан

Катерина Ѓуровски

Иран и Пакистан свикаа итен состанок на муслиманските земји

Горан Наумовски

Пакистан: Најмалку тројца загинати во поплавите, над 100 загинати

Толпа во Пакистан извлече турист од полиција- го запалија на улица

Пакистан: Пет војници загинаа во напад на воен објект

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во Пакистан ненадејно падна снег, загинаа најмалку 35 лица