„Севилскиот бербер“ в петок во МОБ

Од:

Во петок, со почеток во 20 часот, во салонот на Македонската опера и балет ќе се одржи популарната opera buffo, „Севилскиот бербер“ од Џоакино Росини. Приказна за победата на младоста и љубовта, комична опера во два чина.

Авторската екипа е составена од: Диригент, Иван Еминовиќ. Режисер е Урсула Хорнер (Австрија), Асс.режисер: Љупка Јакимовска, сценограф, Марија Ветероска, костимограф: Марија Пупучевска, светло дизајн: Васко Лисичов, концерт мајстор: Верица Ламбевска, Асс.хор мајстор: Јасмина Ѓорѓеска.

Изведувачката екипа ја сочинуваат: Фигаро: Маријан Јованоски, Розина: Билјана Јосифов, Гроф Алмавива: Благој Нацоски, Дон Базилио: Владимир Саздовски, Дон Бартоло: Невен Силјановски, Берта: Николина Јаневска, Фиорело: Кристијан Антовски, Амброзио: Саша Смилевски, Камениот човек: Борко Биџовски.

Билетите се веќе во продажба на билетарницата на МОБ, како и online на www.mob.mk

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Италијанското оперско пеење доби статус на културно наследство на УНЕСКО

Предраг Петровиќ

Концерт „Легендите живеат вечно“ во Македонска Филхармонија

Предраг Петровиќ

Оперската претстава „Турандот“ од Џакомо Пучини во Национална опера и балет

Предраг Петровиќ

Успешен настап на Националната опера и балет во Народниот театар во Белград со „Севилскиот берберин“

Ана Ололовска

Традиционален Гала оперски концерт по повод празникот „Василица“ 2023

Ана Ололовска

„Палјачи“ од Руџеро Леонкавало во Национална опера и балет