Сари не размислува за рекорди

Од:

Тренерот на Челзи, Маурисо Сари, изјави дека е фокусиран кон дуелот со Кристал Палас и не размислува за рекордот што може да го постават „сините“.

Доколку Челзи утре остане непоразен, Сари ќе го изедначи рекордот на Френк Калрк кој во минатото 11 пати во низа го предводеше лондонскиот тим без да загуби.

– Не сакам воопшто да размислувам за тоа, туку само за натпреварот. Нашата цел е да победиме. Рекордите сами по себе си доаѓаат како резултат на добрите изданија. Одиме чекор по чекор на секој меч и тоа им го пренесувам на играчите, изјави Сари.

Италијанскиот фудбалски стручњак вели дека Челзи во претходните десет рунди го следела и среќа.

– Секогаш кога стекнував ново искуство, бев во проблеми првите два месеца. Сега не е така. Победувавме, иако на некој натпревари не бевме на ниво, додава Сари.

Челзи по 10 кола во Премиер лигата заостанува само два бода зад водечкиот тандем Манчестер Сити и Ливерпул.

Би можело да ве интересира

Фудбалерите на Ливерпул го совладаа Челзи и го задржаа првото место во Премиер лигата

Палмер стана првиот играч во историјата на Премиер лигата со четири гола во првото полувреме

Саутгејт си поднесе оставка

ВИДЕО: Шпанија рекорден четврти пат е европски фудбалски шампион

Фудбалерите на Вулверхемптон го победија Челзи во 18. коло од англиската Премиер лига

Санчез ќе мора да паузира одреден период поради повреда