Роџер Вотерс, еден од оснивачите на британската рок група Пинк флојд повика да не се гласа за „неофашистите“, како што се, според него, претседателите на САД и на Бразил – Доналд Трамп и Жаир Болсонаро.
„Доналд Трамп? Не сакам да го губам своето драгоцено дишење на тој одвратен тип“, изјави британскиот музичар во Монтевидео каде треба да одржи концерт.
Седумдесет и петгодишниот Вотерс треба да настапи во рамки на настанот „Палестина и човековите права денес“. Поранешниот гитарист на Пинк флојд се наожа на турнеја во Јужна Америка, каде ќе има настапи во Уругвај, Бразил, Парагвај, Аргентина, Чиле и Перу. Тој минатата година, по 25 години, го издаде својот својот прв албум на кој има песни со директни алузии на Трамп на чија политика остро се противи.