Адеми: Нема поважен ресурс за напредок од квалитетниот образовен систем

Од:

Министерот за образование и наука, Арбер Адеми, денeска оствари средба со Хери Патринос, раководител на секторот за образование за регионот на Европа и Централана Азија, на Светската Банка.

Како што информираат од ресорното министерство, Адеми на средбата истакнал дека Светската банка е еден од најголемите поддржувачи и партнер во образованите реформи во Македонија.

„Навистина ги цениме извештаите кои се подготвуваат и се поддржани од Светска банка, а се однесуваат на состојбите со образованието во нашата земја“, потенцирал министерот.

Тој посочил и дека македонската влада има јасно поставена цел за градење на квалитетен образовен систем.

„Свесни сме дека нашата земја нема друг и поважен ресурс за напредок. Нема енормни природни богатства. На глобалниот свет ние можеме да му конкурираме со понудено знаење, со идеи, со иновативност. Затоа мораме да вложуваме во образованието, во знаењето на секој поединец“, рекол министерот.

Од Министерството за образование и наука потеницраат дека во овој контекст една од успешните приказни е Проектот за развој на вештини и иновации (СКИЛС проектот).

„Целта на Проектот е да се подобри транспарентноста во финансирањето и да се промовира отчетноста во високото образование, да се зголеми соодветноста на средното четиригодишно стручно образование со потребите на пазарот на труд и да се поддржи капацитетот за иновации на Република Македонија. Во текот на периодот на имплементација на Проектот, беа постигнати значајни резултати во спроведувањето на сеопфатната реформа на средното техничко образование и обука, програмата за доделување грантови на средни стручни училишта којашто ја поддржува практичната обука на учениците, како и пласманот на финансиските инструменти за поддршка на иновации“, се наведува во соопштението.

Би можело да ве интересира

Ангелова: Сите наставници од основно до високо образование ќе имаат повисоки плати

Јаневска: За четири месеци ги зголемивме платите на наставниците и инвестираме во инфраструктура

Худолин: Ако има премногу деца во училниците, тогаш се отежнува учењето

Димитриеска-Кочоска на средби во Светска банка: Континуитетoт во поддршката од СБ од голема важност за нашата развојна агенда

А1он

Гувернерката Ангеловска-Бежоска на Годишните средби на ММФ и Светска банка

(ВИДЕО) Митева: Платите во образованието до 2028 година ќе пораснат минимум 46 отсто

Горан Наумовски