(ВИДЕО) Заев: Охридскиот рамковен договор влегува во преамбулата, а дел од АСНОМ излегува

Од:

По двете средби со независната парламентарна група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата со премиерот Зоран Заев, Владата соопшти дека барањата ќе бидат вметнати во нацрт-амандмани што произлегуваат од Договорот во Преспа. Тој на прес-конференција се осврна на измените.

„Охридскиот рамковен договор е целосно вграден. Пратениците на Алијанса на Албанците и БЕСА го имаат своето право и имам целосно разбирање. Нивните барања се суштествени измени. Сфативме дека е легитимно право и не значи дека треба веднаш да биде затворено прашањето. Јас можам да дадам позитивен однос на ова“, рече Заев во однос на барањата на БЕСА и Алијанса на Албанците за внесување на амандманите за зајакнување на идентитетот.

Во делот на АСНОМ, како што посочи премиерот, останува прогласот, а се менува одлуката бидејќи содржи ‘Македонци од Бугарија и Грција обединете се’.

Премиерот изјави дека е он-лајн со Грција, со која постојано се консултира, што не е обврзувачки, туку е пријателски и тие имале разбирање. Според Заев амандманите се едноставни и јасни и истите заслужуваат поддршка од сите пратеници, па се надева дека кога ќе ги испратат ќе успејат да ги уверат пратениците како Панчо Минов дека процесот треба да биде поддржан. Заев појасни дека го споменува Минов бидејќи тој бил видлив и ги дал своите сугестии.

„Мислев дека и тој ќе гласа, но не гласаше. Постојат многу пратеници кои се растеретени од партиски предрасуди за да го поддржат процесот“, рече Заев.

Говорејќи за нацрт-амандманите, Заев рече дека првиот дел се однесува на потврдата на македонскиот идентитет, а членот 7 го гарантира македонскиот јазик. Вториот дел е за стапувањето во сила, а тоа ќе биде откако Грција ќе го ратификува договорот и ќе го поддржи членството на Македонија во во НАТО. Третиот е за менување на името, а тоа ќе биде сукцесивно, односно, ќе го почитува рокот за граѓаните да не мора веднаш да менуваат документи, односно да вадат кога ќе им истечат постоечките.

„Зборот Македонија се менува со Северна Македонија, односно, тоа не се прави само во еден член каде се зборува за историјата на државата. Републиката ќе се грижи за сите иселеници, исто и тоа е дел од од амандманите. Со секој амандман оди и одлука. Составен ден од Уставот е Уставниот закон. Во тој закон ќе биде дел од договорот и барањата на независните пратеници“, рече Заев објаснуваќи ги измените.

Првиот амандман, како што соопшти премиерот, се однесува на замената на зборот Република Македонија со Република Северна Македонија секаде во Уставот освен во членот 36 каде има историски аспект.

Вториот се однесува на Преамбулата на Уставот, каде, како што рече Заев, одлуките на АСНОМ се заменуваат со прогласот од Првото заседание на АСНОМ и се додава Охридскиот рамковен договор за да биде конститутивен елемент на државата. Тоа, наваде премиерот, дел од конституцијата од Уставот на РМ само сега се додаваат формулации и тоа е фер кон сите помалкубројни заедници.

Во третиот амандман се додава само еден став, а тоа е Републиката го почитува суверенитетот, територијалниот интегриет и политичката независност на соседните држави, што дава посилни гаранции за трајност и неповредливост на границите со Грција, иако се однесува за сите соседи.

Во четвртиот амандман, појасни премиерот, покрај потврдување на македонскиот идентитет стои дека Републиката ги штити правата и интересите на своите државјани кои живеат или престојуваат во странство, и ги унапредува нивните врски со татковината.

Договорот е „фер инаф”, не може подобар, рече Заев, додавајќи дека пратениците ќе ја донесат одлуката слободно и во прилог на граѓаните.

Кристијан Ландов

Би можело да ве интересира

Преземените обврски мора да се почитуваат порачува францускиот амбасадор

Катерина Ѓуровски

Рокас повтори дека мора да се направат уставните измени за прогрес кон ЕУ

Катерина Ѓуровски

Продолжувањето на пристапниот процес за Северна Македонија зависи од уставните измени за кои земјата се обврза порача Писонеро

Гаши: За да почнат уставните измени треба договор и политичка волја

Катерина Ѓуровски

Уставни измени, правосудниот систем и реформите поврзани со ЕУ, главни препораки во Извештајот на Европската комисија

Мицкоски: Предлог уставни измени во Собранието, пред формирање влада во Бугарија, е наивно

Катерина Ѓуровски