По барање на обвинителството, судечкиот совет на чело со судијката Добрила Кацарска одлучи да ја одвои постапката за “крвавиот четврток” за обвинетиот Сашко Марковски кој поради лошата здравствена состојба се наоѓа во болницата 8 септември.
-Согласно член 29 од ЗКП се издвојува постапката за обвинетиот Сашко Марковски. Судот ќе остави месец дена за обвинетиот и ќе биде во контакт со болницата. Дополнително ќе бидете известени за рочиштата, рече судијката Кацарска.
Марковски денеска не е присутен на судењето за 27 април, а минатото рочиште беше одложено токму поради неговата влошена здравствена состојба. Образложение за отсуството е тоа дека Марковски мора да остане во болница поради неопходноста врз него да има константен надзор на лекарите.
Судењето продолжува со прегледување на снимките од собраниските безбедносни камери.
Виктор Јованов