Од Детска болница Козле ги демантираат информациите дека бил предизвикан пожар во болницата. Директорот на Детска болница Козле, д-р Ангелчо Андоновски појаснува дека станува збор само за краткотрајно топење на каблите во еден од тоалетите, поради што превентивно била повикана противпожарна служба, согласно протокол за реагирање во вакви ситуации.
Не се настанати никакви оштетувања, освен незначителна материјална штета.
Директорот апелира да не се шири непотребна паника и напоменува дека децата кои се сместени во тој дел од зградата се безбедни и нема повредени лица.