Енергетската заедница нотираше напредок во енергетските реформи – новиот закон за енергетика е чекор напред

Од:

„Усвојувањето на новиот Закон за енергетика, кој е усогласен со Третиот енергетски пакет, е огромен чекор напред кој го направи Република Македонија, а со кој се овозможува правна рамка за воспоставување на „Ден однапред пазарот на електрична енергија“ и спојување на енергетските пазари. Проектот за спојување на пазарите на Република Македонија и Република Бугарија веќе е инициран“, нотира Енергетската заедница во „Годишниот извештај за спроведување на европското законодавство во согласност со Договорот за воспоставување на Енергетската заедница за 2018 година“ (Secretariat, 2018 Annual Implementation Report on the of the Acquis under the Treaty Establishing the Energy Community).

Според овој извештај Македонија е на 3-то (трето) место по спроведувањето на реформите во енергетскиот сектор во однос на 9-те земји кои се споредуваат.

Извештајот е доказ дека Македонија ги спроведува реформите со забрзано темпо со резултат 50% споредено со 2017 и е над просекот на ниво на Енергетската заедница која има просек од 43%. Дополнително е нагласено дека во процес на реализација се 38% од потребните законски и подзаконски акти со кои дополнително се усогласува македонското енергетско законодавство со она на ЕУ. Доказ за спроведувањето на реформите е и податокот дека против Република Македонија не се води ниту еден спор пред Енергетската заедница.

Во делот за енергетска ефикасност посебно е нагласен постигнатиот напредок под водство на новата Влада, во споредба со стагнацијата во изминатите неколку години под водство на претходната Влада.

Во четирите главни сектори, Македонија е прворангирана во имплементација на законска регулатива нафени деривати (53%), второрангирана за гас (40%), на 4-то место за легислатива поврзана со електричната енергија (52%), додека за одржливост е на 6-то место (50%).

Во извештајот се наведени и поединечни анализи на девет најзначајни сектори, при што се истакнува дека правната легислатива во поглед на статистички податоци за енергетски потреби е усогласена со европската во 98%, за обновливи извори на енергија 52%, за животна средина 54%, за нафтени деривати 53%, додека за електрична енергија и енергетска ефикасност усогласувањето моментално е на 52%.

Анализирајќи ги институциите се нотира дека Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија е оценета со 72 % и е на прво место споредено со останатите земји членки на Енергетската заедница.

Напредокот во спроведувањето на енергетските реформи започна по одржување на Самитот за Западен Балкан во Трст, а во најголема мера се должи на донесувањето на новиот Закон за енергетика, во кој се имплементирани европските директиви и регулативи од Третиот енергетски пакет.

Податоците изнесени во извештајот се уште една потврда дека Република Македонија сериозно пристапи кон спроведување на реформите во енергетскиот сектор, откако во јуни, по донесување на Законот за енергетика, Секретаријатот на енергетската заедница ги повлече и споровите покренати кон Република Македонија поради не спроведување на превземените обврски од Договорот за Енергетска заедница.

Би можело да ве интересира

Бислимовски: Со новиот Закон за енергетика се оди кон либерализација на пазарите што поттикнува инвестиции

Божиновска: Регионалната соработка е од особена важност за енергетската трансформација

Божиновска најави ревизија на сите државни институции во делот на енергетика

Катерина Ѓуровски

Во првите сто дена од новата влада Мицкоски најави проект во енергетиката, две инвестиции и проширување на други две

А1он

Собраниска комисија нема да расправа за гасните централи и соларните паркови

A1on

Граѓаните на Македонија плаќаат најскапа струја: Конкуренцијата во изборот за универзален снабдувач би им донела пониски сметки

А1он