Месечно се случуваат по 150 несреќи на работа, ОРМ со предлози за законски измени

Од:

Организацијата на работодавачи на Македонија предлага измени на Законот за безбедност и здравје при работа којшто е во примена веќе 11 години. Од ОРМ предлагаат поголема улога да им се даде на стручните лица во компаниите кои имаат положен испит за безбедност и здравје на работа, да се прецизира одговорноста на работодавачот и лицето задолжено за безбедност и здравје при работа, но одговорност да имаат и надворешните констултанти, како и да се зајакне улогата на Националниот совет за безбедност и здравје при работа.

Од ОРМ, кои денеска организираа конференција за предизвиците околу имплементацијата на Законот за безбедност и здравје при работа, посочуваат дека според официјалните бројки на Државниот инспекторат за труд, месечно во Македонија се случуваат околу 150 тешки повреди на работа, од кои некои и со смртни последици.

– За жал најголемо влијание и улога во безбедноста и здрвајето при работа добија надворешните стручни лица и правни лица, а во суштина некои од нив не ни влегле во компаниите, а прават изјави за безбедност и проценки за разик. Затоа сметаме дека треба многу поголемо значење да им се даде на стручните лица во компаниите кои секојдевно се во компаниите и средината која треба да ја анализираат, изјави Ангел Димитров, претседател на ОРМ пред почетокот на конференцијата.

Од ОРМ посочуваат дека законот на многу места е и непрецизен и оти е потребно негово целосно усогласување со сите европски директиви и конвенции.

– Во суштина не е на законот само за да им наметнуваме обврски на работодавачите и да им правиме трошоци. Суштината на законот е да ги намалиме несреќите на работа, истакна Димитров.

Во однос на странските инвеститори кои инвестираат во Македонија и колку тие ги имплементираат законските обврски, Димитров вината не ја гледа во инвеститорите, туку во државата која им дала низа поволности.

– Од сите тие компании, само една или две имаат синдикат, а другите немаат, иако во нивните матични компании дома имаат синдикати. Но, можеби не се тие виновни. Можеби ние сме виновни како држава што им даваме такви привилегии. Сигурно во договорите не е напишано дека им се забранува да имаат синдикални организации. Тоа никаде не го пишува, но потајно се применуваше. Сите работодавачи се однесуваат онака како што им дозволува ситуацијата – ако можат да заштедат на трошоци, тоа го користат и злоупотребуваат, но затоа имаме инспекции и тие мора да бидат исти за сите компании, истакна Димитров.

Според претседателката на Националниот совет за безбедност и здравје при работа Јованка Бислимовска, важно е да се имплементира Стратегијата и Акцискиот план за здравје и безбедност при работа 20-20, но исклучителна улога има и Државниот инспекторат за труд.

– Државниот инспекторат за труд мора да ги зајакне капацитетите. Тоа е задача на Министерството за труд и социјална политика. И во претходниот извештај на Европската комисија тоа беше една од клучните забелешки – Државниот трудов инспекторат да се насочи, охрабри и зајакне и да делува онака како што треба, истакна Бислимовска.

Во однос на заболувањата кои се директно причинети од работата како што се респираторните заболувања, оштетувањата на слухот, алергиските реакции и заболувањата на кожата, Македонија е на исто рамниште во европските држави.

Законот за безбедност и здравје при работа е донесен на собраниска седница на 6 јули 2007 година.

Би можело да ве интересира

Голем интерес за сезонска работа: Рекорден број на агенции за вработување странци во Хрватска

А1он

На граѓаните не им се работи во „Бехтел и Енка“: Стигнале само 360 апликации за 2.000 работни места

A1on

Бројот на слободни работни места во Словенија достигна рекордно високо ниво во вториот квартал

Драстичен пад на вработените во угостителскиот сектор во Германија

Во Хрватска сезонска плата над 1000 евра за печење палачинки

Предраг Петровиќ

Стопанството бара под итно да се изгласа ребалнсот на Буџетот

Ана Ололовска