Во супермаркети во Белгија запленети 66 килограми кокаин

Од:

Околу 66 килограми кокаин беа запленети во кутии со банани во шест супермаркети во Белгија, пред да се стави овошјето на продажба, објави белгискиот дневен весник “RTL.info”.

– Ова е трет пат како е откриена дрога, скриена во кутии со банани. Во главно, кога кутиите со банани ќе пристигнат во централата, директно се дистрибуираат во продавниците. Ова објаснува зошто дрогата е откриена во шест продавници – објасни еден од вработените во супермаркет.

Бананите пристигнаа од пристаништето во Антверпен, а компанијата за транспорт од северниот дел на Белгија ги испорачала на разни продавници.

Полицијата се обидува да утврди, дали некој од оваа компанија е поврзан со овој случај.
Во октомври 2012 година. белгиската полиција откри во пристаништето во Антверпен во контејнери, повеќе од осум тони кокаин, со улична вредност од 500 милиони евра.

Кокаинот бил скриен во контејнер со банани од Еквадор. Тоа беше по обем најголема заплена во Белгија, а втора по количина во Европа.

Претходниот рекорд изнесуваше три тони дрога, колку што беа запленети во пристаништето во Антверпен.

Би можело да ве интересира

Исчезна Белгиец кој планирал планинарење во реонот на Охрид, Струга и Дебар

Катерина Ѓуровски

Седум лица се уапсени во Белгија поради планирање терористички напад

Вооружен напад во Брисел: Има мртви и ранети

Со солзи, белгискиот премиер Де Кро најави оставка по поразот на европските избори

A1on

Белгија ќе го покрене прашањето за санкции против Израел во ЕУ

Белгија протера руски дипломати

Горан Наумовски